Пет интервенции на кумановските пожарникари за 12 часа
Кумановските пожарникари вчера интервенирале петпати. Во Липково гореле 20-тина хектари сува трева и мал дел нискостеблеста шума. Пожарот бил изгаснат во 20 часот, информира денеска РЦУК- Куманово.
Овој пожар час и половина го гаселе петмина пожарникари со едно противпожарно возило, петмина вработени во подрачната единица на ЈП „Македонски шуми“ и двајца вработени од Полициската станица Матејче. Екипа на „Македонски шуми“ дежурала во текот на ноќта за да спречи евентуално реактивирање на пожарот.
Повеќе од четири часа од 14.05 до 18.30 часот, седумина пожарникари со две противпожарни возила гаселе запалена сува трева и стрниште во кумановското село Љубодраг. Во пожарот биле зафатени и неколку пчелни семејства.
Од ТППЕ Куманово вчера интервенирале трипати и во урбана средина и гаселе пожари на запалена сува трева. Најпрвин, горела сува трева на улицата „Доне Божинов“, во Диво Насеље, на улицата „Скопска“ и последната интревеницја била на „Михајло Пупин“.
Во моментов, информираа денеска од ТППЕ, нема активни пожари во Кумановско.
Ново на Сител
-
Влада: Законот за заштита на децата ќе биде доработен и доставен до Собранието
-
Сиљановска Давкова не го потпиша указот за Законот за заштита на децата за двојазични лиценци во градинките
-
Дваесетгодишник од Прењас се обидел нелегално да влезе на македонска територија
-
Минатата година беше најжешката досега во Србија
-
Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица
-
Десетици угинати птици во Валона, најверојатно од птичји грип
-
Итната помош со зголемен број повици за сообраќајки и хронично болни лица
-
Осуденик физички нападнат во затворот Идризово