Пет грчки острови ќе бидат „исчистени“ од мигранти пред влегување во сила на спогодбата меѓу Турција и ЕУ

Пет грчки острови ќе бидат „исчистени“ од мигранти пред да влезе во сила спогодбата Турција- ЕУ за враќање на мигрантите во оваа земја, изјави денеска официјален турски претставник, пренесуваат американските медиуми.
Службеник на Министерството за надворешни работи денеска изјави дека мигрантите од овие острови ќе бидат одведени во континентална Грција пред да бидат преселени на друго место. Турција ќе почне да ги прифаќа назад новите мигранти, кои пристигнуваат на островите, откако спогодбата ќе биде постигната, изјави турскиот претставник.
Тој не ги именуваше грчките острови што ќе се празнат од мигранти.
Европската унија и Турција неделава ја изготвија нацрт спогодбата, што назад во Турција ќе врати илјадници нелегални мигранти. Во замена за тоа ЕУ ќе го прими истиот број сириски бегалци кои се засолнети во Турција.
Договорот може да биде одобрен на самитот на ЕУ следната недела.
Турскиот официјален претставник изјави дека целта на спогодбата е да го демотивира нелегалното и опасно преминување на морето од Турција до грчките острови.
Тој изрази увереност дека, откако турскиот предлог ќе влезе во сила, значително ќе се намали бројот на оние кои по море минуваат од Турција за Грција.
Британските медиуми претходно денеска цитираа изјава на официјален турски претставник, според кого, случаите на нелегално преминување на Егејско Море во февруари се намалиле на 2.000 дневно од 6.800 во текот на октомври.
Ново на Сител
-

Николоски: Автопатот Прилеп–Битола се гради со силна динамика, готов до 2028 година
-

ЦУК: Во Охрид и Кичево водостоите зголемени, нема излевања
-

Захарова: Украина не исполнува ниту еден критериум за влез во ЕУ
-

УНИЦЕФ: Повеќе од 417 милиони деца живеат во сиромаштија, лишени од основните потреби
-

Русија соопшти дека ноќеска соборила 65 украински дронови
-

Јокиќ го забележа својот трет последователен трипл-дабл
-

Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Крушево, за викендот нови врнежи
-

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
