Мбапе по својот 400. гол: Треба да постигнам уште толку

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе ја достигна границата од 400 голови во својата кариера, но рече дека тоа не е доволно импресивно достигнување за љубителите на фудбалот.
Мбапе постигна 398 голови пред вчерашниот натпревар против Украина во мундијалските квалификации на кој напаѓачот на Реал Мадрид беше двоен стрелец во триумфот од 4-0.
„400 голови не импресионираат луѓе. Ако сакам да предизвикам восхит, морам да постигнам уште 400. Границата 1.000 голови на Роналдо? Тоа е нереално. Но, ајде да се стремиме кон нереалното; мора да се обидеме. Имаме само една кариера“, посочи Мбапе во изјава за РМЦ Спорт.
Мбапе досега постигна 55 голови за француската репрезентација, а на клупско ниво 62 за Реал Мадрид, 256 за ПСЖ и 27 голови за Монако.
Границата од 400 голови, Мбапе ја достигна на возраст од 26 години, една година помлад од Меси, а две од Роналдо, кога двајцата дојдоа до бројката од 400 голови во своите кариери.
МИА
Ново на Сител
-

Девојка од Србија пријавила возач на такси во Скопје за допирање по телото и бакнување
-

Вработени и пациенти на Онкологија сведочеа за случајот со незаконска набавка на лекови
-

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026
-

Австрија воведува забрана за шамии во училиштата за девојчиња под 14 години
-

Пожарникарите од Старо Нагоричане спасија куче паднато во шахта
-

Во железничка несреќа во Чешка повредени 57 луѓе
-

Мицкоски: Добар одѕив за ваучерите за електронски уреди, до вчера 27.000 студенти ги подигнаа ваучерите
-

Јаневска: Ваучери за е-уреди се наменети само за студенти на додипломски студии
