Пет години од петкратното убиство кај Смилковско Езеро
Денеска се навршува пет години од трагедијата кај Смилковското езеро, каде петмина скопјани, на Велики четврток беа убиени додека ловеа риба крај езерото.
Убиените беа четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од скопската населба Радишани, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево.
Убиствата се случија на 12 април 2012 година. Обдукцијата врз убиените покажала дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција, што наведува дека има повеќе од еден извршител на чинот.
За петкратното убиство во случајот „Мострум“ доживотна казна затвор им е изречена на Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута. Единствено петтообвинетиот Сејди Рами доби ослободителна пресуда поради немање на цврсти докази за утврдување на вина.
Се уште се чека на екстрадиција од Косово на првообвинетите Африм Демири и Агим Исмаиловиќ, кои беа осудени во отсуство.
На 23 февруари 2013 година во близина на брегот на Смилковско езеро, на местото Кршиколе или Крст, осветен е камен темелник на црквата Црква „Св. 40 Маченици“, која е посветена на убиените момчиња.
Ново на Сител
-
Пандов: Затворски полицаец му овозможил на Јованов мобилен во притвор, поднесена е претставка и претстои суспензија
-
Вучиќ повика на разговори со универзитетските претставници „Што е можно поскоро“
-
Започна протестниот марш „Правда за Фросина“ кои го предводат нејзините родителите
-
22-годишна девојка од Скопје удрена од таксист
-
Шекеринска: Никогаш за никого не сум ургирала
-
Сестрата на Фросина: Бараме одговорност од таткото на возачот и судијката
-
Колумбискиот претседател го нарече Трамп „фашист“ и го спореди со Хитлер
-
Во тек е голема полициска акција за откривање и запленување на фалсификувани пари