Песков: Вежбите на НАТО немаат придонес во безбедноста на Европа

Воените вежби кои НАТО во моментов ги изведува во Полска и во уште неколку европски држави не придонесуваат за атмосферата на доверба и безбедност на континтетот, порача денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
НАТО вчера ги започна најголемите воени вежби во Полска именувани „Анаконда“ во кои учестуваат околу 31.000 војници.
Учествуваат војници од 24 земји, членки на Алијансата и поранешното советско „Партнерство за мир“, вклучувајки ја и Украина.
Околу 14.000 американски војници ќе се придружат на групата од 12.000 полски војници и уште 1.000 од Велика Британија во вежбите во кои ќе бидат ангажирани околу 3.000 возила, 105 авиони и 12 бродови на морнарицата.
Шефот на здружениот штаб на американските вооружени сили Марк Мили изјави во Варшава дека присуството на САД во овие вежби „покажува дека сме рамо до рамо со полскиот народ“ и дека вежбите „ќе ја подобрат колективна подготвеност“.
Вежбите се одржуваат кратко време пред клучниот самит во Варшава на кој се очекува одлука дека значителен број на сили и опрема на НАТО ќе биде распоредена во Полска и балтичките држави.
Вежбите ќе траат до 16 јуни.
Ново на Сител
-

Груби обвинет за дело со пет години затвор, истрагата го сомничеше за проневера со казна до 20 години
-

Николоски: Протестите не се решение, со билатерални договори го решаваме проблемот на превозниците
-

„Везилка“ и студентите на ФИНКИ веќе развиваат алатки базирани на вештачка интелигенција
-

Ставен во употреба новиот АТМ систем на меѓународниот аеродром Скопје
-

Пецаков: Ова лето застапеност на туристи кои ретко доаѓале во Охрид
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
