Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина, имајќи предвид дека во Украина постојат легитимни органи на власт.
-Путин не отфрла ништо. Тој не ја отфрла можноста за преговори. Тој вели дека таму има легитимни тела, во согласност со Уставот на земјата, рече Песков, пренесуваат руските медиуми.
Тој додаде дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не е личност со која може да се склучи писмен договор бидејќи, како што наведе, „де јуре тоа би било нелегитимно“.
Зборувајќи за условите за почеток на мировните преговори кои Путин ги претстави во петокот – повлекување на украинските војници од новите региони на Русија и трајно откажување од членството во НАТО, Песков рече дека тоа не е ултиматум, туку мировен предлог.
-Тоа не беше ултиматум, тоа беше мировен предлог, кој беше претставен земајќи ја предвид реалноста на теренот, рече Песков.
Тој додаде дека договорите на хартија се резултат на многу сложени експертски преговори, рамнотежа на интереси и земајќи ја предвид реалноста на теренот, додавајќи дека така ќе биде и овојпат.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Црник
-

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и еден хрватски државјанин
-

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е најдобриот начин да се реши војната
-

Ангелов: Попладнево активни повеќе од 15 пожари, два од нив загрозуваат и населени места
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
