Песков: Не е првпат да кажат дека ќе ја нападнеме Украина
Не е првпат во САД да се објавуваат материјали за наводни руски планови за инвазија на Украина, но никогаш ништо не се случило после тоа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ги изјавите во американските медиуми за наводните планови на Москва да измисли украинскиот напад како изговор за „инвазија“.
Портпаролот на Кремљ ги осуди изјавите како празна и неоснована ескалација на тензиите, нагласувајќи дека Русија не претставува закана за никого. Во исто време, Песков не ја исклучи можноста од провокација за да се оправдаат таквите тврдења и предупреди дека обидите за насилно решавање на украинскиот конфликт ќе имаат исклучително сериозни последици.
Американските разузнавачи веруваат дека Русија направила план за инсценирање инцидент со кој би се оправдала инвазијата на Украина, објавија два американски весници, повикувајќи се на извори кои биле „запознаени со тоа“.
Русија разгледува неколку опции кои би ѝ дале изговор за инвазија на Украина, вклучително и монтирано видео кое прикажува тешки последици од експлозија, вклучително и опрема што наводно и припаѓа на Украина или членки на НАТО, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс и неименуван висок функционер на администрацијата на Бајден, јави Гласот на Америка.
Во Пентагон, на оваа тема зборуваше и портпаролот Џон Кирби.
– Имаме информации дека Русите би можеле да измислат предуслов за инвазијата, што е нешто добро познато кога станува збор за начинот на кој тие ги прават работите, рече Кирби.
– Веруваме дека тоа пропагандно видео може да прикаже снимки од мртви луѓе и актери, прикази на уништени локации, како и воена опрема во рацете на Украина или Западот – и треба да предизвика чувство на тага, рече портпаролот на Пентагон.
„Њујорк тајмс“ објави дека рускиот план вклучува употреба на лажно видео, кое би содржело инсценирање и снимање на измислен напад на украинската армија, или на руска територија или врз луѓе што зборуваат руски во источна Украина, а „Вашингтон пост“ објави дека американските разузнавачи ја отстранија тајноста од деталите за таквиот план и оти се очекува тој да биде откриен денеска.
– Не знаеме дефинитивно дали тоа е патот по кој ќе тргне Русија, но знаеме дека тоа е опција која се разгледува, во неа би биле вклучени голем број луѓе кои би се преправале дека тагуваат поради убиените луѓе, како и распоредување на мртви тела со кои ќе се потврдат жртвите во инцидентот што Москва сама ќе го конструира, рече американскиот заменик-советник за национална безбедност Џонатан Фајнер во интервју за американскиот MSNBC, како одговор на информациите во медиумите.
Русија вчера ги обвини САД за ескалација на тензиите и игнорирање на повиците на Москва за ескалација на тензиите околу Украина, еден ден откако Вашингтон објави дека ќе испрати речиси 3.000 дополнителни војници во Полска и Романија.
Во исто време, Москва ги негира плановите за инвазија иако распоредила илјадници војници на границата со Украина.
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
