-->
-->
Пешак повреден во Гостивар
-->
Седумнаесетгодишен пешак е тешко повреден денеска околу 10:30 часот во Гостивар кога во него удрил автомобил „Фосфаген џета“. Поради тежината на повредите од гостиварската болница тој е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.
Полицијата информира дека денеска околу 10:30 часот, на крстосницата на улиците „ЈНА“ и „Браќа Гиновски“ во Гостивар, автомобил „Фолсфаген џета“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Б.И.(38) од Долна Бањица, Гостиварско, удрил во 17-годишен пешак од Гостивар.
Пешакот се задобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во гостиварската болница, пренесен е во Комплекс клиники ''Мајка Тереза" Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата