Перо Пандилоски објави нов спот за песната “Девојка за секое време”
Перо не престанува да ја богати македонската естрада со нови песни. Ова е веќе 10та негова песна, а 5ти видео запис.
Позади оваа динамична и брза песна со емотивни моменти стојат Јован Василески (Музика и Текст), Аранжман Гоце Симоноски. Песната е снимена во студиото на Лазе Цветкоски.
Видеото е снимено на повеќе локации во Охрид, Св.Наум и Маврово под продукција на PROCAM Production. Во спотот на Пандилоски се појавува и познатата манекенка Ангелина Китановска.
Конечно се појави и мојата нова песна заедно со спотот. Задоволен сум од целокупната изработка како пакет. Првпат соработувам со PROCAM и навистина извадивме интересно видео. Се надевам дека публиката ќе ја прифати песната заедно со видеото. Ова е моја 10та песна, полека но сигурно почнувам да размислувам во блиска иднидна да го склопам и моето прво CD (Албум) кое ќе биде како еден потпис на досегашното мое работење.
Ново на Сител
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Деканот на Градежен нов независен кандидат за градоначалник на Скопје