Перински: Системски пристап при насочувањето на буџетските средства кон регионите и општините
Советот за рамномерен регионален развој денеска на 41. седница што ја водеше министерот за локална самоуправа Златко Перински, дискутираше за подобрување на системот на планирање и распределба на јавните финансии преку утврдување на предлог на поблиски критериуми за проценка на буџетските програми од страна на ресорните министерства кои имаат влијание врз регионален развој.
Целта на критериумите, како што се посочува во соопштението од Министерството за локална самоуправа, е да се воспостави пообјективен, транспарентен и координиран пристап при насочувањето на буџетските средства кон регионите и општините, особено кон оние што заостануваат во развојот.
- Со дефинирање на јасни критериуми, ќе се овозможи поусогласено планирање на јавните инвестиции, со фокус на вистинските потреби на граѓаните. Ова е чекор во унапредување на рамномерниот развој и во постигнување на поголема територијална кохезија, истакна министерот за локална самоуправа.
Советот продолжува со континуирана работа на креирање политики кои ќе овозможат еднакви можности за развој на сите плански региони, како стратешка цел на Владата и клучен елемент во процесот на децентрализација и одржливиот развој на локалната самоуправа, се вели во соопштението од Министерството за локална самоуправа.
Ново на Сител
-
СДСМ: Младите спасот го гледаат надвор
-
Формално образование и за децата кои се на подолго болничко лекување – повеќе нема да губат настава
-
364 лица во 13 градови во државата се обучуваат да станат пожарникари
-
Преглед на вестите од светот
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот