Пензионерка од Хрватска се опила, ги будела соседите и правела хаос, полицијата ја приведе
Пензионерка од околината на Пожега, Хрватска била уапсена по бучна забава во куќата на нејзиното семејство во саботата нешто пред полноќ.
Како што информираа од полицијата, жената (69) околу 23 часот и 45 минути пуштала гласна музика во семејната куќа во Ољаси кај Пожега. Кога нејзините соседи се пожалиле на тоа, таа им викала.
„Во саботата околу 23 часот и 45 минути во градот Ољаши, 69-годишна жена пуштала гласна музика во својот семеен дом и им викала на соседите на возраст од 58 и 61 година. Кај 69-годишната жена бил откриен алкохол во телото. Со оглед на тоа што постоела опасност да продолжи да го прави прекршокот, пензионерката е сместена во посебна полициска просторија и против неа се чека обвинителен акт за делото против јавниот ред и мир“, соопштија од Пожешката полиција, пренесе „Даница.хр“.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек