-->
-->
Пентагон: САД се надеваат дека Русија и Турција нема да дозволат заострување на тензиите
-->
САД се надеваат дека Русија и Турција нема да дозволат заострување на тензиите меѓу нив заради соборувањето на рускиот воен авион од страна на турските воздухопловни сили на сириската граница, соопшти Пентагон, пренесува ТАСС.
„Ги повикуваме Русија и Турција да ја намалат напнатоста, и за тоа да користат преговори, дипломатски средства и мерки за спречување на конфликт" во Сирија, изјави портпаролот на американското Министерство за одбрана Питер Кук.
Според него САД продолжуваат да собираат податоци за случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шалтерите на ЈП Водовод и канализација - Скопје утре ќе работат до 15:30 часот, понеделник е неработен ден
-
Папата Франциск нема да ги предводи велигденските богослужби во Ватикан
-
Сообраќајот на автопатот Демир Капија-Смоквица од денеска само по левиот тунел
-
Без струја неколку скопски општини, без вода дел од Кисела Вода
-
Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
Зеленски: Русија го игнорира предлогот на САД за прекин на нападите
-
Трамп соопшти дека е постигнат „голем напредок“ во трговските преговори со Јапонија
-
Најмалку двајца загинати и 28 повредени во руски напад на украинскиот град Днепар