Пентагон: САД ги користат базите во Турција само со дозвола од Анкара

САД ги користат турските воени бази, вклучувајќи ја и воздухопловната база Инџирлик, само со дозвола на Анкара. Така коментираше Пентагон за изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за можноста за затворање на базите Иннџирлик и Куреџик доколку Вашингтон воведе санкции кон Анкара заради руските ракетни системи С-400.
„Присуството на американски сили во турските бази, вклучително и базата Инџирлик, се спроведува со дозвола на турската влада. Ние го гледаме статусот на нашите сили во Турција како симбол на нашата долгогодишна посветеност да соработуваме и да го заштитиме нашиот сојузник и стратешки партнер на НАТО“, јави Тасс пренесувајќи изјава на Пентагон.
Тие истакнуваат дека Турција „придонесува за (мисиите) на НАТО во Авганистан, Косово, Ирак и е „важна“ за целите на националната стратегија за одбрана на САД.
„Пентагон се обидува да го задржи тој однос, и ја повика Турција да води поконструктивна политика за С-400 и другите области на несогласување“, додава Пентагон.
Ново на Сител
-

Пилана од Делчево нелегално сечела дрва, запленети 19 метри кубни дрва | ФОТО
-

Иран: Поради американските потези во Персискиот Залив ќе има опасни последици
-

Во Собранието расправа за продолжување на рокот на кризната состојба за нафтата
-

Трамп: Денеска разговори меѓу Израел и Либан
-

Неколку убиени при нападите на Русија врз Киев, Днепар и Одеса
-

Без вода корисници на ул. „Капиштец“
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Мелони: Италија покажува силен интерес за заедничко производство на дронови со Украина
