Пентагон: САД беа информирани од Москва кратко време пред лансирањето на балистичката ракета против Украина
Во Пентагон синоќа потврдија дека Русија лансирала експериментална балистичка ракета со среден дострел кон територијата на Украина и дека САД биле известени кратко време пред стартот на оружјето.
Според портпаролката Сабрина Синг, оружјето е модификација на руската интерконтинентална балистичка ракета РС-26 „Рубеж“ способна да носи нуклеарни боеви глави.
– Соединетите Американски Држави беа известени кратко време пред лансирањето преку каналите за намалување на нуклеарниот ризик, изјави Синг.
– Ова е нов тип на смртоносен капацитет ставен во употреба на бојното поле. Дефинитивно тое предизвикува загриженост, изјави таа, посочувајќи дека оваа ракета со среден дострел е способна да носи и конвенционални и нуклеарни боеви глави.
Според достапните информации, ракетата „Орешник“, како што ја опиша вчера во своето обраќања до јавноста рускиот претседател Владимир Путин, удрила на одбранбено-индустрискиот комплекс во градот Днипро.
Ракетата достигнала брзина до 10 маха, или 2,5–3 километри во секунда, наведува Радио Слободна Европа, повикувајќи се на изјавата на рускиот лидер. Според Путин, оваа ракета не може да биде пресретната од современите средства за противвоздушна одбрана, вклучувајќи ги и системите создадени од САД и поставени во Европа.
Кремљ соопшти дека ова лансирање било одговор на нападите на украинските вооружени сили на 19 и 21 ноември врз цели во Брјанската и Курската област, при што, како што се тврди, биле користени ракети од американско и европско производство, како што се ATACMS и Storm Shadow (SCALP).
Ново на Сител
-
Гвардиола: Никогаш не сум имал поголема верба во моите играчи
-
Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода
-
Шефовите на дипломатиите на арапските земји бараат итен прекин на огнот во Газа и Либан
-
Кривична за вработена во градинка, и се заканувала на нејзина колешка
-
Семеен масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил
-
Лекар од Гевгелија нападнат од возач во Итната медицинска помош
-
Приведено лице од Кочани, ВИН бројот во неговата сообраќајна дозвола и на возилото не се совпаѓале
-
Вучиќ: На грубоста, невоспитанието и ароганцијата ќе одговориме со уште повеќе работа