Свет
15. November 2017 - 10:21

Пентагон плати за промена на полот на воено лице

Пентагон соопшти дека платилe за операција за промена на пол на воено лице од активна служба. Операцијата беше извршена вчера, четири месеци откако американскиот претседател Доналд Трамп забрани трансродови лица да служат во американската војска во какво и да е својство.

- Бидејќи тој е активен припадник на армијата, веќе почнал со процедурата за промена на полот, а лекарот кој ја извел операцијата сметал дека е медицински неопходна, а одобрувањето е добиено од директорот на Здравствената агенција во одбраната, изјави портпаролката на Пентагон, Дејна Вајт.

Таа додаде дека операцијата била извршена во приватна болница, бидејќи воените болници немале експертиза.

Операцијата е платена од страна на Одделот за одбрана, бидејќи била оценета како неопходна за благосостојбата на военото лице.

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот го потпиша меморандумот со кој ја укинува мерката на својот претходник Барак Обама со која од јуни 2016 година им се дозволуваше на трансродовите лица да служат во армијата.

Американската унија за граѓански слободи (ACLU), која се смета за финансирана од Џорџ Сорос, поднела тужба во Балтимор во име на тројца трансродови киленти од кои двајца сакаат да станат припадници на армијата, е едниот веќе бил.

По најавата во јули, кон крајот на август Трамп потпиша Меморандум со кој се забрани служење на трансродовите лица во војската на САД. 

Меморандумот, исто така, му забранува на Пентагон да ги користи своите ресурси за извршување операции за промена на полот на војниците, освен онаму каде што тоа е започнато. На министерствата за одбрана и за внатрешна безбедност, претседателот им наредува самите да определат како ќе постапуваат со трансродовите лица кои веќе служат во вооружените сили на САД.

Соодветниот закон ќе стапи во сила на 23 март 2018 година.