Пентагон: Не коментираме потенцијални идни воени операции
Пентагон по повод денешниот твит на американскиот претседател Доналд Трамп дека ракети ќе стигнат до Сирија, соопшти дека нема да коментира потенцијални идни воени операции.
- Американското Министерство за одбрана не коментира потенцијално идни воени акции. Ве упатуваме на Белата куќа да го карактеризира твитот на претседателот, изјави портпаролот на Пентагон, Ерик Пахон.
Тој потсети и дека Трамп на 8 април изјави оти „нападот на сирискиот режим со хемиско оружје врз невини цивили во Дума на 7 април беше страшен и бара итен одговор од меѓународната заедница“.
Трамп претходно на Твитер напиша - „Русија вети дека ќе ги собори сите ракети истрелани врз Сирија. Русијо подготви се, затоа што ќе дојдат убави и нови и паметни (ракети). Не би требало да бидете партнери со животно кое убива со гас, а кое го убива својот народ и ужива во тоа“.
Трамп не наведе дали мисли на напад на војската на САД, но се закани со воена акција како одговор на нападот со хемиско оружје во Сирија.
Русија ги предупреди САД дека напад врз Сирија би го сметала за воено злосторство, истакнувајќи дека тоа би можело да предизвика директен воен судир.
Ново на Сител
-
Солун и островите Скијатос, Скопелос и Алонисос се поврзаа со бродска линија
-
Орбан: Ќе има правни последици за организирање на Парадата на гордоста во Будимпешта
-
Приведен крадец од Куманово, украл мобилни телефони од продажен салон
-
Родителите и феноменот „омилено дете“
-
Истражување: Над 500 видови птици ќе исчезнат до крајот на веков
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ на трите сестрички од Драчево жртви на семејно насилство од нивниот татко
-
МЗШВ апелира за претпазливост: Зголемен ризик од пожари поради високите температури
-
Од 1 јули стапува забрана за движење во шумите