Пентагон: На Кабул му се отстапени бази во Авганистан во вредност од 858 милиони долари
Пентагон досега бесплатно му отстапил на Кабул воени бази разместени низ Авганистан во вкупна вредност од 858 милиони долари, се наведува во денеска објавениот извештај на главниот инспектор на американското Министерство за одбрана, кој е негов независен надзорен орган, пренесе ТАСС.
Префрлањето на овој имот „е дел од средствата, што САД и ги доделуваат на авганистанската Влада во рамки на напорите за обнова на земјата“, се посочува во документот.
Според извештајот, Пентагон располага и со друг недвижен имот во Авганистан, вреден 48,5 милиони долари, но тој „или е разурнат, или напуштен“.
На САД им е „забрането да му го продаваат вишокот имот на Кабул“ и токму тоа го условува неговото бесплатно префрлање, се појаснува во извештајот.
За време на воените дејствија во Авганистан американската команда располагаше со 715 бази во оваа земја. Од 2010 до февруари 2015 година Пентагон на авганистанските власти им отстапи 391 бази, затвори уште 219, а шест бази беа префрени на други американски институции. Авганистанската армија доби 225 бази, полицијата - 118, а други владини структури - 48. Околу 115 од базите што им беа предадени на локалните вооружени сили, имаат тактичко значење со оглед на можноста во нив да бидат распоредени воени единици со броен персонал.
-Префрлањето на овој недвижен имот ги намалува трошоците на САД и на авганистанската Влада и дава средства за постигнување на различни цели, на пример, комерцијално да го користат или да му го отстапат на авганистанскиот народ, забележува Кристин Абизејд од Министерството за одбрана.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи