Пентагон издаде потерници за Сноуден и Асанж
За поранешниот соработник на американската Национална агенција за безбедност (НСА) Едвард Сноуден и за основачот на Викиликс Џулијан Асанж денеска се издадени потерници со предупредување „Озлогласени шпиони“.
Службата за безбедност во Министерството за одбрана на САД објави две потерници под име „Озогласени шпиони“ кои се однесуваат на Сноуден и на Асанж.
На потерниците се портретите со описи на Сноуден и на Асанж.
Сноуден денеска побара амнестија од претседателот Барак Обама, пред тој да ја напушти Белата куќа во јануари 2017 година.
Сноуден преку во интервју видео-интервјуто објавено од „Гардијан“ тврди дека неговите откритија биле корсни за САД.
- Мислам, дека ако луѓето ги оценат корисните ефекти, станува јасно, дека од 2013 година законите во нашата земја се сменија. Конгресот, судовите и претседателот, сите ја сменија политиката по тие информации. Нема ниту еден јавен доказ дека некој настрадал од нив, изјави Сноуден .
Во јули Белата куќа ја отфрли петицијата за помилување на Сноуден, кој во 2013 година ја откри американската електронска шпионажа.
Претходно, две американски организации за човекови права - Амнести Интернешенел (АИ) и Американската унија за граѓански слободи (АЦЛУ) соопштија дека почнуваат кампања за помилување на Едвард Сноуден, кој побегна од САД и сега живее во Русија.
Основачот на Викиликс во 2010 година објави илијадници тајни американски документи, меѓу нив и документ за војните во Ирак и Авганистан.
Асанж од 19 јуни 2012 година претстојува во Амбасадата на Еквадор во Лондон. Еквадор му додели и азил на основачот на Викиликс, но тој не може да ја напушти Амбасадата.
Ново на Сител
-
Ангажирањето на полициски сили во камповите за мигранти во Албанија, Италија ќе ја чини над осум милиони евра годишно
-
Зеленски повикува на акција против севернокорејските трупи во Русија
-
ЕК: Македонија треба да донесе закон за здравје на животните согласно новото европско законодавство
-
Извештај на ЕК: Политизацијата во јавниот сектор дополнително ја поткопува довербата во работата на администрацијата
-
Три лица претепани вчеравечер пред ноќен клуб во Скопје
-
Ден на жалост во Србија, тридневна жалост во Нови Сад
-
29-годишната Емилија вчеравечер убиена од нејзиниот сопруг кој штотуку излегол од затвор
-
Трамп ја проширува предизборната битка и ќе се обиде да ги освои демократските бастиони