Свет
16. јуни 2017 - 8:51

Пентагон го зголемува за 4.000 војници контигентот во Авганистан

Пентагон ќе испрати уште 4.000 американски војници во Авганистан, соопшти претставник на американската Влада. Министерот за одбрана Џим Матис може да ја објави одлуката за зголемување на контигентот во следната недела, додал изворот кој побарал анонимност.

Тој навел дека повеќето од тие војници ќе обучуваат и советуваат авганистански сили за безбедност, а мал број ќе учествуваат во контратерористички операции против талибанците и ИД.

Во почетокто на неделата американскиот претседател Доналд Трамп го овласти шефот на Пентагон да определи број на американски војници во Авганистан, кои во моментот се околу 8.400.