Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп

Пентагон ѝ даде зелено светло на Белата куќа за испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, откако процени дека испораката нема негативно да влијае врз американските резерви. Сега конечната одлука треба да ја донесе американскиот претседател Доналд Трамп, изјавија за Си-ен-ен тројца неименувани американски и европски функционери.
Трамп за време на последната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа изјави дека би претпочитал да не и достави на Украина ракети, бидејќи „не сака да се откаже од работите што се неопходни за заштита на САД“.
Според неименуваните извори сè уште има неколку оперативни прашања што треба да се решат пред Украина да може ефикасно да ги користи ракетите, меѓу кои и како украинската армија би ги лансирала ракетите.
Европските претставници тврдат дека Украина би можела да најде решение. Украинските инженери изнајдоа решение за употреба на ракетите „Сторм шедоу“ испорачани од Велика Британија, кои првично биле дизајнирани за употреба во модерните авиони на НАТО.
Ракетите „Томахавк“ имаат дострел од околу 1.600 километри.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија
-

Изборен молк
-

Гласаат изнемоштени, болни и затвореници
-

Цеца на концерт во Велес развеа бугарско знаме
-

Бугарија забрани извоз на нафта, Македонија нема да биде погодена од ваквата мерка
-

Македонски Каритас преку проект ги мотивира младите за кариерен развој
-

Дневно во Клиниката „Козле“ имаат по 150 прегледи на болни деца
-

Рапиден раст на бројот на пациентите со мозочен удар
