Пенс: САД ќе одговорат на поразителен начин доколку Пјонгјанг употреби нуклеарно оружје
Американскиот потпретседател Мајк Пенс ја предупреди денеска Северна Кореја да не ја става на искушение решителноста на Вооружените сили на САД, бидејќи ќе добие „поразителен и ефективен одговор“ на секоја употреба на конвенционално или нуклеарно оружје.
Тој истакна дека Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе продолжи да работи посветено заедно со своите сојузници, како што се Јапонија, Кина и други светски сили, со цел да се изврши економски и дипломатски притисок врз Пјонгјанг.
- САД секогаш ќе се борат за мир, но при управувањето на Трамп штитот стои во одбранбена позиција, а сабјата е во готовност, нагласи Пенс пред 2.500 припадници на американската Воена морнарица на носачот на авиони „Роналд Реган“ во воената база „Јокосука“ во Токискиот залив.
Ново на Сител
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари