Пендаровски во посета на Врховната команда на сојузничките сили за Европа на НАТО
– Претседателот Стево Пендаровски денеска во Монс, Белгија, ја посети Врховната команда на сојузничките сили за Европа на НАТО, каде што имаше средба со врховниот командант, генерал Кристофер Каволи.
На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со тековните активности на командата и зајакнувањето и прилагодувањето на силите по почетокот на руската воена инвазија на Украина, во насока на заштита на НАТО сојузниците и намалување на ризикот од проширување на конфликтот, соопшти неговиот кабинет.

Пендаровски ја реафирмираше подготвеноста на државата да даде свој активен придонес во напорите на Алијансата насочени кон исполнување на стратешките цели, во одржувањето на регионалната безбедност и зацврстување на единството во НАТО. Истакна дека Република Северна Македонија, во рамки на своите капацитети, ќе продолжи да пружа воена, хуманитарна и дипломатска помош на Украина, со крајна цел прекин на воената агресија, одбрана на демократските вредности и воспоставување на мир.

Генералот Каволи се заблагодари за севкупната поддршка што Република Северна Македонија, како членка на НАТО, ја дава во напорите на Алијансата за одржување на безбедноста на евро-атлантскиот простор.
Во рамки на посетата, претседателот Пендаровски имаше средба со припадници на Армијата на Република Северна Македонија распоредени во Врховната команда на сојузничките сили за Европа.
Ново на Сител
-

Димитриевски: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме
-

Русија одговори на заканите на Зеленски: Ќе напаѓаме уште посилно во Киев и другите градови
-

Зеленски: Украина е подготвена за технички преговори со САД и Русија
-

Татко и син убиени во лов во Норвешка, напаѓачот уапсен
-

Мерц го повика Путин да ја прекине „бесмислената војна“ против Украина
-

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка
-

Пожар во стан во Скопје, поради вдишување чад еден пожарникар бил пренесен во болница
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 12 возачи, деветмина управувале возило без положен возачки испит
