-->
-->
Пендаровски во 18 часот ќе ја соопшти одлуката за вонредна состојба
-->

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски во 18 часот ќе има вонредно обраќање на кое се очекува да ја соопшти одлуката за прогласување вонредна состојба во државата поради ситуацијата со коронавирусот.
Како што е објавено на Фејсбук страната на шефот на државата, обраќањето ќе може да се проследи директно на првиот сервис на МРТ, на албански јазик на МТВ2, на YouTube каналот и на ФБ.
Вонредната состојба треба да биде прогласена по предлог на Владата поради справување со ситуацијата со коронавирусот. Имајќи предвид дека Собранието кое е распуштено не може да се собере и да донесе одлука, собранискиот спикер Талат Џафери предлогот го проследи до претседателот на државата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Борче Треновски универзитетски професор
-

Го исполни ли Ѓорѓиевски ветувањето - чист град за 72 часа?
-

Премиерот готви реконструкција – партиите се спремаат за конгреси
-

Во петок ќе почне комисиската расправа за предлог - буџетот за 2026
-

АХВ спречи 37 тони небезбедна храна да стигне до потрошувачите
-

СДСМ обвинува дека скандалот е поголем
-

Тутунарите очекуваат повисоки цени
-

Панел-дискусија на МОН во Тетово: Технологијата во образованието е помошник, но не и замена за наставникот
