Пендаровски: Вакцинацијата да се одвива континуирано до целосна имунизација на населението
Претседателот Стево Пендаровски денеска беше во посетa на вакциналниот пункт и на Итната медицинска помош при ЈЗУ Здравствен дом во Гостивар.
Претседателот Пендаровски беше запознаен со протоколите според кои се одвива процесот на вакцинација во Гостивар и гостиварскиот регион.
Директорот на здравствениот дом, д-р Јамин Синани, го информираше претседателот Пендаровски за моментално опфатените таргет групи, во коишто се вакцинираат граѓани над 77 години, со постепено намалување на возрасната граница којашто веќе опфаќа лица над 60 годишна возраст, како и за динамиката согласно која се имунизираат околу 50 граѓани дневно.
Претседателот Пендаровски разговараше и со медицинските лица задолжени за спроведување на вакцинацијата, кои што истакнаа дека процесот се одвива непречено, според календарот на имунизација. Оние коишто денеска се вакцинираа, упатија апел до сите граѓани, и млади и повозрасни, да се вакцинираат, бидејќи како што велат, со тоа се спасуваат животи. Изразија задоволство од условите и пружената здравствена нега од персоналот на ЈЗУ Здравствен дом – Гостивар.
Претседателот ја посети и службата на Итната медицинска помош во рамки на здравствениот дом каде што со вработените разговараше за нивната работа, капацитетите и предизвиците со коишто се соочуваат, особено за време на пандемијата со Ковид-19. Од итната помош го информираа за бројот на интервенции на дневно ниво, поврзани со пандемијата, но и со други случаи. Во однос на имунизацијата истакнаа дека персоналот е веќе вакциниран, со исклучок на вработените коишто се уште закрепнуваат од Ковид-19.
Претседателот Пендаровски изрази задоволство од покажаниот професионализам, посветеност и пожртвуваност на целокупниот медицински персонал во изминатиов период, нагласувајќи ја потребата процесот на вакцинација да се одвива континуирано до целосна имунизација на населението. Во тој контекст порача дека и личната одговорност на секој граѓанин е еден од предусловите за побрзо и побезбедно стекнување колективен имунитет.
Ново на Сител
-
Од понеделник благо опаѓање на температурите и краткотрајни поројни врнежи
-
Град Скопје: Немаме надлежност за дератизација или постапување во случаи со змии, други влекачи или глодари
-
Со над 20 тони вода дејствувано врз пожар во Кичевско
-
Загина 30 годишна Македонка во сообраќајна несреќа Солун, повредени уште три лица | ВИДЕО
-
Цистерна се извртела на автопатот Градско - Велес, сообраќајот пренасочен по стариот пат
-
Жител на Општина Студеничани му се заканувал на својот сосед со гасен пиштол и стрелал во воздух
-
Без струја Тирана и повеќе други градови во Албанија
-
Борел: Европа не е целосна без Западен Балкан