Македонија
21. јуни 2024 - 16:29

Екологистите бараат поголема заштита на езерото под заштита од УНЕСКО

Охрид го одбележува 21 јуни Денот на езерото

Потребна е  поголема контрола со поставување на видео системи и комунална полиција која ќе дежура и превенира за да се спречи загадувањето ,рибокрадството и неконтролираното градење на самото крајбрежје и во езерото .Екологистите повторно алармираа дека поради негрижата години наназад е доведен во прашање статусот на Охридското езеро под заштита на Унеско.

Традиционално и оваа година по повод 21 јуни,Денот на езерото  беше организирана еколошка акција се со цел да нема повеќе пластика во езерото, а и да се  изградат еколошките навики и развој на одржлив туризам.

Првиот ден на летото 21 јуни, во 2000-та година беше прогласен за ден на Охридското Eзеро. Тогаш е потпишан меморандумот за заштита на езерото помеѓу Охрид, Струга и Поградец, со цел подигање на свеста за поголема заштита на езерото како природно наследство од македонска и албанска страна. ⁣