Пендаровски утре во официјална посета на Република Србија

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Република Србија каде ќе биде примен со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Србија Александар Вучиќ.
Пендаровски, утре во Палата Србија во Белград, како што најавуваат од неговиот кабинет, ќе има тет-а-тет средба со српскиот претседател Вучиќ, по што ќе следува и пленарен состанок меѓу делегациите на Република Македонија и на Република Србија.
Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средба и со претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ, и со претседателката на Народното собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ.
Во рамки на официјалната посета, Пендаровски ќе оствари средба и со претседателот на Стопанската комора на Република Србија, Марко Чадеж и српски стопанственици.
Во сабота, Пендаровски во Нови Сад ќе учествува на 4. Регионален младински форум и ќе се обрати на претседателскиот панел „Обраќање на младите пред претставниците на влаcта: презентирање на политичкиот дијалог пред милениумците“, заедно со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.
Ново на Сител
-

Годишна конференција на МАСИТ
-

Македонско српски бизнис форум во Скопје
-

Револт, тактизирање, мала динамика на откуп и празни ваги - почетокот на откупот на тутунот започнува тензично
-

Време е да ги надминеме предрасудите кон лицата со попреченост , порачаа од здружението ,,Вера,, од Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ го освежува раководството
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
