Пендаровски утре ќе го додели мандатот за Влада, собра ли Заев 61 пратеник?
Шефот на државата утре на пладне ќе го додели мандатот за составување на Влада, откриваат извори за Сител. Неизвесно е дали одлуката на Пендаровски тоа да го направи ден пред истекот на рокот е знак дека веќе е постигната начелен договор за владина коалиција и парламентарно мнозинство од 61 пратеник.
Претходно Пендаровски и собранискиот претседавач Талат Џафери влегоа во дебата дали претседателот има право да го додели мандатот во услови кога не е завршена конститутивната седница и нема избор на нов собраниски спикер. Шефот на државата донел одлука за доделување на мандатот откако лидерон на СДСМ Зоран Заев го известил написмено дека е во преговори за обезбедување подршка од 61 пратеник.
За сега ниту Заев ниту од ДУИ не одговараат на повиците дали синоќа бил постигнат договор за нова владина коалиција.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: До овој момент генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес
-
Локални избори 2025, вести во 12:00 на Сител Телевизија
-
Пожар во куќа во Драчево
-
Прегазена 74-годишна жена во Ресен
-
Израелската војска почна напад врз Газа, јавија израелските медиуми
-
Во Битола до 11 часот гласале 10,66 проценти од избирачите
-
Грабеж во Лувр, музејот затворен за посетители
-
Пресекот на излезноста до 11 часот е 9,38%