Пендаровски: Прифаќам дебата со сите седум кандидати, нека дојде и Мицкоски
Како кандидат за претседател во секое време прифаќам да има политички дебати со моите противкандидати, но како што се изјаснив пред почетокот на кампањата, инсистирам во дебатите да бидат вклучени сите седум претседателски кандидати потврдени од Државната изборна комисија, изјави кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски.
Тој во пишана изјава до медиумите, посочува дека, токму затоа, прв предложил да се одржат две големи, т.н. мастер дебати, една на почетокот на кампањата и една пред првиот круг на гласање.
- Дебатите беше планирано да се реализираат на неутрален терен, а пренос од истите да вршат сите национални телевизии. На дебатите седумтемина кандидати ќе имаа подеднакви услови да ја презентираат својата програма за работа, вели Пендаровски.
Тој истакнува дека досега, во поканите кои ги добил од медиумите за учество на тв дебата, немал добиено информација дека сите седум кандидати ќе бидат учесници на некоја од предвидените дебати.
Ново на Сител
-
Училишниот прибор ќе поевтини за најмалку 10 и 15%
-
Заврши обуката на пожарникарите – утре 352 лица ќе потпишат договори за работа
-
Преглед на вестите од светот
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп