Пендаровски: Посетата на Столтенберг на Западен Балкан ја демонстрира посветеноста на НАТО кон стабилноста
Севкупната соработка со НАТО во рамки на нашето полноправно членство во Алијансата и можностите за нејзино унапредување, надворешно-политичките приоритети на земјата и актуелните регионални безбедносни прашања и состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина и случувањата на Блискиот Исток, биле во фокусот на средбата на претседателот Стево Пендаровски со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Како што информираат од Кабинетот на Претседателот, Пендаровски ја истакнал подготвеноста и посветеноста на Северна Македонија, во рамки на своите капацитети, и во иднина активно да придонесува во промовирање на мирот и стабилноста во регионот и пошироко, како и во справувањето со традиционалните и новите закани.
Во таа насока, претседателот Пендаровски го поздравил одржувањето на состанокот на лидерите на НАТО-сојузниците од регионот утре во Скопје.
Тој, меѓудругото, истакнал дека посетата на генералниот секретар Столтенберг на земјите од Западен Балкан уште еднаш ја демонстрира посветеноста на НАТО кон стабилноста и безбедноста на регионот, во време на крупни безбедносни предизвици во нашето пошироко опкружување.
Ново на Сител
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?