Пендаровски: Нема согласност од сите партии за заедничка средба на тема уставни измени
Претседателот Стево Пендаровски смета дека во моментот нема согласност од сите политички чинители за да се одржи кај него средба на која би се зборувало за можните уставни измени. Како што вели Пендаровски големи се разликите околу ставовите за правење измените на Уставот.
-За средба мора да има согласност од двете, трите, петте претпоставени страни учеснички. Во овој момент нема таква согласност. Ако некој сака да разговараме за т.н. хрватски модел, другата страна вели таа работа сме ја решиле пред 20 и повеќе години. Ако првава страна вели да разговараме за Бугарите во Уставот, зошто да не, бидејќи тоа е главна претпоставка за да продолжиме кон Европа, другава страна вели не. Не можеш со сила некого да натераш на муабет, изјави Пендаровски денеска во Тетово.
На новинарско прашање за предлогот на некои партии за замена на фразата 20 проценти со албански јазик, претседателот Пендаровски рече дека за тоа нема проблем.
-Јас сум го кажал тоа многу пати и тоа едно, две-три години наназад, и тоа апсолутно не ми пречи и прв би поддржал бидејќи мислам дека тоа е природна, нормална работа. Зошто нечиј етнички идентитет, кој е јасен и неспорен за секого, би го криеле зад бројки, истакна шефот на државата.
Претседателот Стево Пендаровски денеска одржа предавање пред студентите на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово.
Ново на Сител
-

Ким повторно именуван за претседател на Северна Кореја, Путин упати честитки
-

СДСМ: Мерките се задоцнети
-

Изминатите три дена 1699 сообраќајни прекршоци, уапсени 60 лица за безобѕирно управување на возило
-

Истражување: Некои бактерии можат да преживеат меѓупланетарни патувања
-

Реал го победи Атлетико во дербито на Мадрид
-

Меси го надмина Пеле по број на голови од слободен удар
-

РФМ во Белград ќе договара заедничко натпреварување со Србија и со Црна Гора
-

Иран се заканува со минирање на Персискиот Залив
