Пендаровски: Нема најава дека Бугарија ќе не блокира за преговори со ЕУ
Нема најави од бугарскиот државен врв дека ќе го блокираат доделувањето датум за отпочнување преговори со ЕУ, изјави претседателот Стево Пендаровски, одговорајќи на новинарско прашање на денешната зедничка прес-конференција со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во вила „Водно“.
Според него, бугарскиот државен врв на одржаниот состанок во понеделникот најави поставување барања кои би биле врамени како нивни бенчмаркови во понатамошниот тек на преговорите.
– Нема никаква најава ниту од релевантен фактор од соседна Бугарија, дали е тоа претседател, дали е Владата, надлежните министри, дека Бугарија сега ќе не блокира во средината на овој месец кога чекаме да добиеме датум за преговори, кога ја очекуваме европската одлука на 15 или на 17 октомври. Како понатаму, не само Бугарија, туку можеби и Грција низ понатамошната имплементација на Преспанскиот договор, ќе се однесува во текот на преговорите кои траат со години, во тој долг процес, ќе видиме. Допрва ќе прочитаме и чуеме тоа што го најавуваат како преговарачка рамка за ова прашање, но повторувам тоа е за понатамошниот период кога ќе почнеме да преговараме, се надеваме од почетокот на 2020 година, рече претседателот Пендаровски.
Тој додаде дека во оној момент кога ќе ја видиме преговарачката позиција ќе може да кажеме како ние ќе одговориме на тоа.
– Ние не можеме на хипотетска преговарачка рамка да антиципираме што може тие да бараат од нас. Таа е реалноста во ЕУ, тие што се внатре бараат или поставуваат услови за оние што се надвор. Тоа може да дојде и низ заедничката европска позиција. Секоја од земјите членки дава импут, тоа што мисли дека е нејзин национален интерес и тоа на крај нам ни се претставува како кандидат како позиција на ЕУ, рече Пендаровски
Ново на Сител
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија
-
Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција
-
Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче"
-
Четврти ден штрајк на приватни специјализанти
-
Мицотакис: Да направиме сè што е во наши раце за смирување на кризата на Блискиот исток