Пендаровски: Нека ни е честита 30-годишнината од независноста на нашата заедничка држава!
Почитувани Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми, Власи и сите други граѓани,
Нека ни е честита 30-годишнината од независноста на нашата заедничка држава!
На денешен ден, пред 30 години, се оствари сонот на сите генерации кои се бореа и гинеа за нашата слобода. Македонската државност е беа сомнение нашето најголемо заедничко историско постигнување. Денес, имаме привилегија да имаме своја, независна држава. Во исто време, имаме и голема одговорност - да вложуваме во неа за да биде достоен дом за секој од нас. Каква држава ќе изградиме, таква држава ќе имаме.
Почитувани сограѓани,
Нашата најголема вредност, со векови наназад е традицијата на почитување на различностите. Северна Македонија, може да напредува, само, ако сите нејзини граѓани ја чувствуваат како своја татковина.
Нашето подобро утре зависи и од интеграциите во важните меѓународни организации. Како мала држава, во денешниот глобален и немирен свет, не можеме да опстоиме без сојузници и пријатели. Интеграциските процеси беа, и сеуште се, и мотив и средство за постигнување на внатрешна кохезија и за достигнување на највисоките европски вредности.
Драги сограѓани,
Да се почитуваме и разбираме меѓу себе.
Да сфатиме дека различниот од нас не е наш непријател.
Да ја разбереме политиката како борба за идеи и концепти за подобро денес и утре, а не како борба на живот и смрт.
Ние немаме резервна држава. Македонија е нашиот единствен, заеднички дом и ќе биде пристојно место за живеење само ако секој од нас го вложи во него својот труд, својата одговорност и својата совест.
Почитувани сограѓани,
Нека ни е честита 30-годишнината од независноста!
Да ни е вечна и вековита државата!
Стево Пендаровски, претседател на Република Македонија
Ново на Сител
-

Осум повредени на протестите во Тирана, запалена општината и вратата на Министерството за животна средина
-

На протестите во Франција уапсени 135 луѓе, не се регистрирани сериозни инциденти
-

Мицкоски од Брвеница: Довербата се гради со одговорна работа и конкретни проекти
-

Ноќеска часовниците ги враќаме еден час назад - почнува зимското сметање на времето
-

Кривична пријава против две лица поради нелегален транспорт на дрва
-

Во гостиварско приведени четири лица откако биле затекнати како вршат нелегален ископ за пронаоѓање злато
-

Приведени повеќе лица за нарушување јавен рeд и мир со меѓусебна физичка пресметка, употребиле стаклен предмет
-

19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија
