Пендаровски – Кофод: Македонија продолжува да работи на реформската агенда
Македонија ќе продолжи да работи на домашната реформска агенда, со фокус на владеење на правото, јакнење на ефикасноста и непристрасноста на судството и борбата против корупцијата, рече претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со министерот за надворешни работи на Кралството Данска, Јепе Кофод.
Пендаровски изрази благодарност за принципиелната поддршка на Данска за евроинтегративниот процес на Македонија.
На средбата, како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, било констатирано дека двете земји во континуитет градат пријателски, сојузнички и партнерски односи. Во таа насока, Пендаровски изрази интерес за интензивирање на политичкиот дијалог на високо ниво, а заедно со министерот Кофод ја истакнаа и потребата за подобрување на економската соработка и трговската размена.
Соговорниците разговараа и за безбедносната состојба во Авганистан, како и за одлуката на Македонија да прифати авганистански цивили.
На средбата претседателот Пендаровски му се заблагодари на министерот за донираните вакцини за заштита од КОВИД.
Ново на Сител
-
Претседателката на ДКСК остана без пасош и забрана за работа во Антикорупциска
-
Teма на денот со Петар Богојески, директор на Агенцијата за европски образовни програми
-
Претседателката на ДКСК остана без пасош и забрана за работа во Антикорупциска
-
Претседателката на ДКСК во Обвинителството
-
Земале мито, па изготвувале документација за наводни прегледи, контроли и извештаи за издавање инвалидска пензија и туѓа нега за лице
-
Мицкоски: Истрагата за Кочани ја води Обвинителството, не Владата, 68 лица се опфатени
-
Таравари: Ако не му требам на Мицкоски подготвен сум да одам во опозиција
-
Потешко повредените во пожарот во Kочани остануваат на лекување во странство