Пендаровски: Казнената политика ќе ја замениме со превенција

Казнената политика и глобите за граѓаните по 11 декември ќе бидат заменети со превенција и опомени, изјави денеска Стево Пендаровски од СДСМ кој е носител на кандидатска листа во Првата изборна единица.
- Инспекцијата нема да ве казнува веднаш, туку ќе ве опомене. Ако вторпат го направите истиот прекршок, тогаш правниот субјект ќе биде казнет, но најмногу до 50 проценти од ова што е сега. Инспекциите по 11 декември ќе постапуваат само ако има силни докази дека некој правен субјект не работи во согласност со законот, рече Пендаровски.
Извршителите, кои ги нарече „ноќна мора“, ќе бидат минато и, како што рече, нема да биде можно компензацијата за извршената извршителска работа да биде пет до седум пати поголема од сумата која треба да биде извршена. Меѓу главните пречки за граѓаните да ги остваруваат своите права, според него, се високите судски казни и трошоци. Во нивната програма, рече, тие нема да бидат повеќе од 20 проценти од вкупниот спор.
Пендаровски рече дека со повратот на ДДВ што го предлагаат, граѓаните ќе добиваат пари наместо да бидат казнувани од сопствената држава. Појасни дека таа мерка подразбира од секое платено ДДВ, 15 проценти ќе бидат вратени на тие што го платиле, освен за луксузните производи. Рече и дека ќе ја вратат евтината тарифа за струја - најмалку по два часа секој работен ден и евтина тарифа во текот на викендите.
- На тој начин граѓаните ќе имаат чувство дека државата води сметка за нив, рече Пендаровски.
Ново на Сител
-

Путин телефонски разговарал со Трамп
-

Трамп: Блокадата на Иран продолжува додека не се постигне нуклеарен договор
-

Пронајдени марихуана, амфетамин и метадон при претрес во Аеродром, поведена истрага
-

Москва го обвинува Зеленски дека провоцира нуклеарна војна
-

Иран им се заканува на САД со „невидена“ воена акција поради поморската блокада
-

Собранието изгласа укинување на техничката влада - за власта таа е надминато решение, опозицијата смета дека без неа ќе нема услови за демократски избори
-

Раде Трајковски Штекли осуден на осум години затвор
-

Повреден градежник додека извршувал работни задачи на автопатот Охрид-Кичево
