Македонија
29. March 2023 - 14:26

Пендаровски и Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателите на Северна Македонија и на Австрија, Стево Пендаровски и Александер Ван дер Белен денеска положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Претходно, Пендаровски во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека австрискиот претседател, кој престојува во официјална посета на земјава, а по одржаната тет-а-тет средба и пленарниот состанок на официјалните делегации двајцата шефови на држави одржаа заедничка прес-конференција.