Пендаровски: И со отпочнати преговори на пролет ни претстои долг и тежок процес на приспособување што оптимистички трае до седум години
Слабостите во самата Унија, не ја намалуваат нашата одговорност за начинот на кој ќе се одвива европската интеграција на нашата земја. Исчекувањето на новата методологија за пристапните преговори и конечното доделување на датум за почеток на преговорите во текот на пролетта следната 2020 година, не смеат да бидат изговор за брзината и квалитетот на домашните реформи за коишто ние ја имаме примарната одговорност.
Ова го порача претседателот Стево Пендаровски во обраќање на отворањето на конференцијата „Можности за регионална интеграција на Република Македонија во Европската унија“ што се одржува во Скопје во организација на Унијата на европските федералисти на Македонија.
Тој додаде дека дури и со отпочнати преговори на пролет следната година, нам ни претстои долг и тежок процес на приспособување што ќе трае, оптимистички од пет до седум години.
-Дотогаш, за да опстанеме како демократска држава и општество, ќе мораме да се справиме со проблемите поради кои стотици илјади наши граѓани веќе ја напуштија државата. Проблемот на организираниот криминал и високата корупција не се само предизвик за обвинителството и судството, туку се основен услов за опстанок на јавниот поредок. Релативно спорото темпо на економскиот развој е клучна пречка за отворање добро платени работни места, коишто се единствена надеж за успорување на миграциските текови. Конечно, слабостите во нашиот образовен систем, во јавното здравство и заштитата на човековата околина се повеќе стануваат причини за незадоволство кај граѓаните и мотив за напуштање на државата, не само од економски загрозените граѓани, туку и од оние кои имаат релативно добар социјален статус, но се незадоволни од функционирањето на системот, посочи Пендаровски.
На отворањето на конференцијата се обратија и Кристофер Глук, заменик-претседател на Унијата на европски федералисти и Никола Димитров министер за надворешни работи.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата