Пендаровски и Димитров на конференција „Балкански дијалози“ во Берлин
![]()
Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска во Берлин ќе учествуваат на конференцијата „Балкански дијалози“.
Пендаровски ќе има обраќање на пленарната сесија на тема „Проширување на ЕУ – неисполнето ветување – што сега?“, а Димитров на сесијата посветена на „Зајакнување на европската перспектива на Западниот Балкан“.
На собирот што што го организираат Минхенската безбедносна конференција, EAST WEST Институтот и Белградскиот фонд за политичка извонредност (BFPE), се очекува да стане збор за неотворањето на преговорите за членство на Македонија и Албанија во ЕУ, иако двете земји ги исполнија задачите што им беа зададени од Брисел, за францускиот предлог за промена на методологијата за пристапување и за потребата од враќање на европската перспектива за земјите од Западен Балкан.
Ќе се разговара и за дијалогот Белград – Приштина и за други актуелни прашања во регионот, а меѓу говорниците се најавени и специјалниот преставник на САД за Балканот Метју Палмер, српската премиерка Ана Брнабиќ, поранешната висока претставника на ЕУ за надворешна политика и безбесност Кетрин Ештон, претседателот на Минхенската безбедносна конференција Волфган Ишингери и амбасадорот на Русија во Србија Александар Боцан-Харченко.
За време на престојот во Берлин, шефот на дипломатијата Димитров, покрај учеството на конференцијата, предвидено е да има средби со претставници од германското Министерство за надворешни работи и од Кабинетот на Канцеларката Ангела Меркел.
Ново на Сител
-

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области
-

Ѓорѓиевски: Град Скопје со сопствени средства ќе гради две нови средни училишта
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
-

Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
-

„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
-

Израелски медицински тим прегледа 24 повредени во пожарот во Кочани, од нив 16 со повреди на рацете се оперирани
