Пендаровски: Добивме најдобар Извештај, одложувањето на почетокот на преговори ќе влијае демотивирачки
Претседателот на државата Стево Пендаровски изјави дека денеска добивме најдобар извештај од Европската комисија во историјата на нашите евроатлантски интеграции, изразувајќи задоволство што Комисијата го препознала напредокот на Северна Македонија и препорачала почеток на пристапните преговори за членство.
Во изјава по примањето на Извештајот, кој му беше врачен од евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар, Пендаровски наведе дека Извештајот ги отсликува реалните состојби во Република Северна Македонија.
– Имајќи го во предвид строгиот пристап во оценката на напредокот на секоја држава, Извештајот реално ги отсликува состојбите во Република Северна Македонија. Европа денеска покажа дека знае да цени политичка храброст, компромисно решавање на тешките прашања во духот на европските вредности и политиките на добрососедство. РСМ направи решителни чекори, како на надворешно политички план, така и на внатрешен план преку спроведувањето клучни реформи неопходни за напредок кон европскиот пат, истакна шефот на државата.
Посочи дека во Извештајот на ЕК се препознаени нашите напори во насока на враќање на довербата на граѓаните во институциите со зголемената отчетност, транспарентност и одговорност на носителите на клучните политики, но и обврската за преземање одговорност во случаите каде што има идентификувани коруптивни дејствија.
Северна Македонија, рече Пендаровски, напредува во оценката за реформите во делот на правната држава и правосудството не губејќи од вид дека е потребно интензивирање на реформите за што, како што рече, сигурен сум дека постои подготвеност кај сите засегнати политички партнери.
-Очекувам Северна Македонија да добие фер шанса и да се трансформира преку отворање на секое поглавје од пристапните преговори. Секое дополнително одложување на започнувањето со преговорите ќе влијае демотивирачки на нашето општество и ќе има сериозни импликации врз спроведувањето на европските процеси. Очекувам и барам од сите релевантни политички чинители во Република Северна Македонија да ја препознаат важноста на моментот и преку одговорен и конструктивен пристап да дадат придонес за напорите на државата за нејзиниот напредок кон европскиот пат, истакна Пендаровски на заедничката изјава со евроамбасадорот Жбогар, премиерот Зоран Заев и претседателот ан Собранието Талат Џафери.
Ново на Сител
-
Иран погуби шест лица поради тероризам и поврзаност со Израел
-
Андоновски: m.Uslugi - апликација што ја носи Македонија на дланка
-
Федералниот апелациски суд во Бостон ја оспори наредбата на Трамп за одземање на државјанството по основ на раѓање
-
Поднесено обвинение за убиството на турски државјанин во Штип
-
Аеродромот во Минхен отворен откако втора ноќ по ред беше прекинат ависообраќајот поради забележани дронови
-
Најмногу дожд наврна во Ѓуриште, највисока снежна покривка на Попова Шапка
-
Нови руски напади со дронови врз Украина
-
Герасимовски за Сител: Нова градинка кај Клинички центар и дом за стари лица на Водно