Пендаровски до петок чека некој да се пријави за мандатар
Претседателот Стево Пендаровски очекува некој од лидерите на парламентанрите партии до петок до него да достави известување дека има обезбедно поддршка од најмалку 61 пратеник и дека ќе составува владин кабиент, велат од кабиентот на шефот на државата.
Ваквата реакција стигнува по пет дена од кога на конститутивната седница беа верифукувани мандатите на 120 народни избраници од изборите на 15 јули, а порнашениот претседател и актуелен претседавач на парламентот Талат Џафери се уште не испратил допис дека парламентот е конституиран. Моментот на конституирање пак, е клучен за тоа да почне да тече рокот од 10 дена во кој Пендаровски треба да го додели мандатот за формирање на Влада.
Од кај претседателот, според она што досега го соопштуваа, за нив рокот од 10 дена тече независно што конститутивната седница беше прекината по верификација на мандатите, бидејки пратеничките мандати се потврдени.
Што ако до петок ни една партија не ја обезбеди потребната поддршка од кај Пендаровски одговараат:
„Суштината на учеството на изборите е некој од политичките субјекти да дојде во позиција да ја конституира власта, така што претседателот очекува во рокот од 10 дена од конституирање на Собранието да го додели мандатот на кандидатот на партијата или партиите кои имаат мнозинство во Собранието".
Според Уставот, претседателот е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието да го довери мандатот за состав на Владата на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во изминативе 24 часа падна во Штип
-
Андоновски најави укинување на балансерот во фази, за ДУИ и Села тоа е директен напад на Охридскиот договор
-
Друштвото Преспа: Во Албанија етнички Бугари нема
-
Лишена од слобода скопјанка барана со потерница
-
Владата на Косово го забрани Тик Ток во јавните институции
-
Хрватска смета дека е неприфатлива одлуката на Црна Гора да ја донесе Резолуцијата за геноцидот во Јасеновац
-
Поради градежни активности изменет режим на сообраќај во дел од Општина Аеродром
-
ЕУ ги дополни листите на санкционирани за поддршка на агресијата врз Украина