Пелоси: Претставничкиот дом денеска ќе продолжи со чекори за импичмент против претседателот Трамп
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска ќе продолжи со чекорите за спроведување на постапката за импичмент против претседателот Доналд Трамп, потврди синоќа спикерката на Домот, Ненси Пелоси, во писмо до демократските конгресмени.
„Утре изутрина“, напиша Пелоси, „треба да биде поднесена резолуција со која се повикува потпретседателот Мајк Пенс да го собере и мобилизира Кабинетот за активирање на 25-от амандман за прогласување на претседателот за неспособен за извршување на должностите“.
„Го повикуваме потпретседателот да одговори во рок од 24 часа“, напиша Пелоси уште во писмото.
„Потоа, ќе продолжиме со донесување закон за импичмент“, додаде таа.
„Заштитувајќи го нашиот Устав и нашата демократија, ќе дејствуваме итно, бидејќи овој претседател претставува непосредна закана за двете“, потврди спикерот на Претставничкиот дом.
„Како што одминуваа деновите, хоророт од актуелниот напад врз нашата демократија извршен од овој претседател е интензивиран, а, исто така, бара и наша непосредна акција“, се додава во писмото на Ненси Пелоси до демократските конгресмени во Претставничкиот дом.
Ново на Сител
-
Нови линии и нови авиони
-
По речиси еден век целосно обновен противпожарниот дом во Радовиш
-
Нови инвестиции
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор врз АНБ и Агенцијата за разузнавање
-
Реџепи не закажува седница на Комисијата за надзор врз АНБ и АР – Нема безбедносен сертификат
-
Кучињата скитници и понатаму горлив проблем за локалните власти и граѓаните
-
Преглед на вестите од светот