Пелоси: Кина нема да ни ја прави агендата на патувања
Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, денеска изјави дека Кина нема да ја прави агендата за патувања за функционерите на САД, алудирајќи на нејзината посета на Тајван.
-Нема да дозволиме да го изолираат Тајван. Тие не ја прават нашата агенда на патувања, а партнерството меѓу САД и Тајван е силно, рече Пелоси, пренесе Гардијан.
Пелоси потврди дека Кина се обидела да го изолира Тајван и дека нејзината посета на Тајпеј е „изговор Пекинг да спроведе воени вежби во близина на островот“.
-Кина се обиде да го изолира Тајван. Можеби ќе се обидат да го спречат Тајван да учествува на други места, но нема да го изолираат Тајван со тоа што ќе не спречат да дојдеме овде, додаде Пелоси во Токио, на крајот од нејзината посета на Индо-Пацификот.
Високата американска функционерка додаде дека САД од самиот почеток нагласиле дека доаѓањето на американската делегација на Тајван нема за цел да го промени статус квото во Азија или статус квото на Тајван.
-Мојата цел е да се обезбеди мир во Тајванскиот теснец, да се надмине статус квото, рече таа.
Ново на Сител
-
Папа Лав Четиринаесетти: Момент е за дијалог и градење мостови
-
Венс: Доколку Русија не сака да се вклучи во преговорите, САД ќе мора да кажат дека „ова не е нивна војна“
-
Утре облачно, од среда со попладневен локален пороен дожд
-
Од утре тим специјалисти ќе ја утврдува состојбата на секој пациент од пожарот во Кочани
-
Кривична за градоначалникот на Крива Паланка, дозволил поставување урбана опрема на угостителски објект без да се исполнат условите
-
Лекари: Ракот на Бајден е неизлечив, но има добри вести
-
Од што боледува Бајден, кои се неговите опции за лекување?
-
Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Елизабета Дуковска за уставен судија