Пелони: Задолжителната вакцинација не е поврзана со отпуштања
Задолжителната вакцинација нема да се поврзува со отпуштања, рече портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите и додаде дека во следниот период ќе се донесе законска рамка што ќе ги регулира конкретните прашања, јави дописничката на МИА од Атина.
Вакцинацијата во Грција ќе биде задолжителна за здравствените работници и вработените во центрите за грижа на лица, а за оние кои ќе одбијат да се вакцинираат, а работат во приватните центри, како што објасни Пелони, предвиден е принуден неплатен одмор.
Во однос на епидемиолошката состојба во земјата, портпаролката на грчката Влада рече дека има значително зголемување на новите случаи, „но, сепак, оваа година можностите за одбрана се целосно различни“, бидејќи сега на располагање е вакцината.
Истакна дека од 28 јуни до вчера 590.000 граѓани закажале термин за вакцинација со првата доза, а од нив еден од тројца е на возраст од 18 до 29 години.
Одговарајќи на новинарско прашање за синоќешните масовни протести во Атина и повеќе грчки градови против вакцинацијата, Пелони кусо коментираше „Штета“.
За информациите дека по откриените случаи на Ковид-19 во повеќе детски летни кампови низ цела Грција, се разгледува можноста за воведување задлжителен негативен тест за влез, Пелони објасни дека надлежната комисија на епидемиолози разговара за построг протокол.
Ново на Сител
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана
-
ЦУК: Регистрирани седум пожари на отворен простор, два сè уште активни
-
Поскапуваат горивата
-
Приведен маж од Скопје, возел со 2,90 промили алкохол во крвта
-
Сител Телевизија вработува водителка на временска прогноза