-->
-->
„Пелистерка“ главен спонзор на македонските кошаркари
-->
Реномираната македонската компанија „Пелистерка“ од оваа година ќе биде главен спонзор на кошаркарска репрезентација и ќе ги поддржи нашите врвни спортисти и кошаркарски надежи во важните натпревари кои им претстојат.
Соработката помеѓу компанијата и македонската кошаркарска репрезентација почнува токму пред учеството на македонските репрезентативци на Европското првенство во Хрватска и Франција.
- Македонската кошарка отсекогаш била еден од нашите најдобри и најтрофејни спортови и секое подржување на нашите репрезентативци за нас како компанија пред сѐ претставува чест. Веруваме дека на европското првенство кое оваа година се одржува во Хрватска и Франција македонските кошаркари ќе нѐ направат сите горди и ќе постигнат висок пласман, и секако ќе покажат како се игра квалитетна европска кошарка, велат од „Пелистерка“.
Компанијата воедно ќе биде покровител на подготовките и учествата на следниве национални тимови и настани:
мажи до 20 години (учесници на Европско првенство во Унгарија);
мажи до 18 години (учесници на Европско првенство во Австрија);
мажи до 16 години (учесници на Европско првенство во Бугарија);
мажи до 14 години (учесници на Меѓународен турнир во Словенија);
жени до 16 години кои ќе бидат домаќини и организатори на Европското првенство во Охрид и Струга.
Челниците на Македонската кошаркарска федерација се особено задоволни од досегашната соработка со компанијата.
- Веруваме дека „Пелистерка“ ќе остане трајна на својот избор да биде македонска компанија која секогаш ги поддржува македонските вредности и знае да ги поддржи оние кои ветуваат добри резултати. Едноставно, врвните спортисти заслужуваат вода со врвен квалитет, па затоа спојот со овој бренд е особено природен - најдобра македонска вода за најдобрите кошаркари, е ставот на МКФ за соработката со „Пелистерка“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори