Loading Video...
Кошарка
29. January 2023 - 17:57

Пелистер поразен од Златибор во дербито од 10 коло на АБА2 лигата

Екипата на е поразена од Златибор во последниот свој натпревар на турнирот во Бања Лука, четврти во АБА2 лигата.

Иако пелистерци во третиот период имаа и негатива од 17 поени (54-37), но со голема борбеност успеаја да ја анулираат па дури и да поведат со 62-60.

Но. Противникот направи серија од 8-0, и предност која знаеше како да ја сочува до крајот на мечот што го доби со 75-69.

Во редовите на Пелистер, најефикасен беше Американецот, Картерс со 22 поени, на кои придодаде по 7 скокови и асистенции, додека неговиот сонародник Карпентер средбата ја заврши со 16 поени, три повеќе од Маслинко (13)

Така Пелистер по четирите досегашни турнири, последниот ќе го дочека со скор од 6 победи и 4 порази и одлични шанси да се пласира во разигрувањето.

Битолчани во среда ги чека меч до домашното првенство на гости против Работнички.