-->
-->
Пеколни горештини во Австралија: Се печат на 42 степени, се закануваат пожари! Погледнете како пржат јајца на сонцето
-->

Началникот на општината Гледстоум во Квинсленд, Мет Барнет, изјавил дека полицијата ги советува мештаните на заедниците Бафл Кирк, Дипвотер, Ојстер Крик и Рулз Биќ да се евакуираат, но дека некои од нив тоа го одбиваат.
"Кога полициски службеник ќе ви тропне на врата и ќе ви каже дека пожарот се шири, време е да излезете. Во тоа подрачје не е безбедно да се остане", истакнал Нарнет.
Стотина пожарникари се подготвуваат за влошување на условите кои се очекуваат утре, со очекувани темератури до 40 степени Целзиусови, со ветрови со брзина до 40 километри на час.
Директорот на Државното метеоролошко биро, Брус Ган, изјавил дека поголемите подрачја во Квинсленд се изложени на рекордно високи температури во ноември. Тој нагласил дека ваквото време и избивањето на пожари во Квинсленд е вистинска реткост.
"Сведоци сме на апсолутно соборување на рекорди стари 60 или 70 години", додал Ган.
Комесарот на пожарните и итните служби во Квинсленд, Катарина Керол, изјавила дека обемот на пожарот, кој започнал во сабота, на 24-ти ноември, се проширил на 66 километри.
На една снимка од социјалните мрежи се гледа момче кое успеало да испржи јајца во својот двор, и покрај високите температури.
Експертите прогнозираат дека бројот на деновите погодени од пожари растат од година во година. Нaместо 11 дена годишно, кога температурите ќе преминат 35 степени, горештините ќе се зголемуваат на 52 дена годишно, до 2090.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
78-годишен пешак прегазен во Битола
-
Кривична за гостиварчанез за семејно насилство
-
Совети за очниот притисок и негово регулирање
-
Битолските пожарникари спасија заглавено лице на дрво во Градскиот парк
-
Мицкоски: Слава за хероите од Карпалак
-
Повеќе од две третини од Украинците сакаат преговори за завршување на војната
-
МЗШВ со финансиска поддршка на ЈП „Национални шуми” во износ од 48 милиони денари
-
Дурмиши: Обезбедуваме попусти до 15 отсто за училишен прибор, вистинска поддршка за семејствата пред школската година