Пекинг: САД бараат разговори со Кина за царините на Трамп
САД ѝ се обратиле на Кина со барање за разговори околу царините од 145 отсто што ги воведе актуелниот претседател Доналд Трамп. Пекинг е отворен за дијалог, соопшти кинеското Министерство за трговија, сигнализирајќи можност за смирување на трговската војна.
Американската страна, според Пекинг, треба да покаже „искреност“ и да се откаже од еднострани царини, истовремено признавајќи ја потребата да се исправат „погрешните“ трговски практики. „Обидите да се искористи дијалогот како изговор за присила и уцена нема да успеат“, се наведува во соопштението.
Кина јавно го изрази својот гнев поради високите царини, тврдејќи дека тие не можат да го запрат растот на второто по големина светско стопанство. Освен преку пропагандни механизми, Пекинг создаде и листа на американски производи – како некои фармацевтски средства, микрочипови и млазни мотори – кои ќе бидат изземени од одмаздничките царини од 125 проценти.
Американски функционери, меѓу кои и министерот за финансии Скот Бесент и економскиот советник на Белата куќа Кевин Хасет, исто така изразија надеж дека наскоро ќе дојде до напредок во намалување на трговските тензии.
– Кина сака да разговара за трговијата, а тие разговори ќе се случат наскоро, изјави државниот секретар Марко Рубио за Фокс Њуз, додавајќи дека САД разгледуваат колку ќе треба да купуваат од Кина во иднина. Трамп, пак, пред два дена изјави дека постои „многу добра шанса“ за договор со Кина.
Кинескиот претседател Си Џинпинг повика на адаптација кон новите глобални услови, но не ја спомена САД.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-
Средба Мицкоски - Таравари ќе има, Ахмети не разговарал со Алијанса за општини
-
Фетаи со честитка за „Слободна зона Карадак„ - Избриша видео со знаме на голема Албанија
-
Мерките завршија, граѓаните стравуваат од нагло поскапување во маркетите
-
Јавниот долг на најниско ниво во последните 5 години
-
Македонија падна за шест места на Индексот за слобода на медиумите
-
Протест на вработените во Зоолошка градина - Тврдат дека немаат земено плата за март, останале и без здравствено осигурување
-
Преглед на вестите од светот