Пекинг обвиен во густ смог
Загаденоста на воздухот во Пекинг достигна опасно ниво, поради што кинеското Министерство за животна средина им препорача на граѓаните да не ги напуштаат своите домови без погоелеми потреби.
Повеќе делови на Кина последниве денови се обвиени со густ смог и покрај напорите на властите за прочистување на воздухот.
Нивото на смог во Пекинг драстично се зголеми во последниве два дена, што доведе и до значително намалување на видливоста.
Како што јави ДПА, загаденоста на воздухот во Пекинг е 15 пати повисока од максимално дозволеното ниво според стандардите на Светската здравствена органзиација (СЗО).
Концетрацијата на микрочестички помали од 2,5 микрометри вчера изнесувала 356 микрограми на метар кубен. Максималното дозволено ниво на овие честички, според СЗО, е 25 микрограми на метар кубен.
Експертите предудуваат степенот на загаденост во Пекинг да продолжи да расте до вторник, кога се очекува градот да биде зафатен од силен ветар, кој би требало да го расчисти смогот.
Ново на Сител
-
Зеленски: Расте дрскоста на Русите
-
ИДФ: Убиен водачот на Муџахединските бригади во Газа
-
Трамп соопшти дека САД нападнале брод со дрога кој тргнал од Венецуела, загинале 11 припадници на банда
-
Си Џинпинг ја покажа моќта на Кина на воена парада со присуство Путин и Ким Џонг-ун
-
Собранието треба да продолжи со работа по 67. пленарна седница
-
Презентација на Стратегијата за соработка со СЗО 2026-2030
-
Кос: Вратите на ЕУ се отворени за оние кандидати што ќе ги исполнат Копенхашките критериуми
-
Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони