Пехчевските и беровските пожарникари гаснеа пожар во атарот на с.Црник
Доброволното противпожарно друштво од Пехчево заедно со Територијалната противпожарна единица од Берово, денеска интервенираа на два пожара на отворено на м.в „Елата“ атар на Пехчево и м.в „Белодолски мост“ атар на село Црник, Пехчево.
Во пожарот како што информираше пожарникарот Марјан Митриновски била зафатена површина од околу 3 хектари.
-Во пожарот беше зафатена сува трева која ако не стигнавме навреме ќе влезеше во блокот со сливи. Од ДПД Пехчево бевме двајца пожарникари, од ТППЕ Берово исто така двајца кои учествуваа во гаснењето.
Поради навременото пристигнување пожарот брзо беше ставен под контрола, информираше Митриновски.
Апелираше да не се палат стрништата и меѓите за време на чистење на ливадите поради високата и сува трева која е подложна на брзо горење.
-Тоа ако е потребно, треба да се направи во соодветни услови со одорување, ама нај добро е кога ќе почне тревната вегетација, оти тогаш не може да се шири пламенот поради зелената трева, додава Митриновски.
Пред неколку дена пожарникарите гаснеа пожар во атарот на истото село, но од сптотивната страна каде избувна денешниот пожар.
Ново на Сител
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа