-->
-->
Пехчево и Берово догодина ќе користат повеќе средства од бирото за рамномерен регионален развој
-->
Најавената мерка на Владата за зголемување на буџетите на општините за рамномерен регионален развој, за 26 проценти, ги подгрева надежите на општините од крајниот исток дека со оваа мерка догодина ќе имаат поголема можност за реализација на значајни инфраструктурни проекти. Како што истакна Звонко Пекевски, градоначалник на општина Берово, најававените мерки се шанса општината средствата да ги намени за подобрување на инфрастуктурата во градот.
– Ако ја подобриме инфраструктурата во градот ќе го подобриме квалитетот на живот на граѓаните и ќе допринесеме за подобар локален економски развој. Во општината ќе се создаде поволна бизнис клима за инвеститортите, а тоа ќе биде дополнителен мотив да ги вратиме младите и да го застанеме трендот на исселување, истакна Пекевски.
Слични се очекувањата на Драган Тренчовски, градоначалник на општина Пехчево кој се надева средствата да бидат искористени за инфраструктурно поврзување на селата со регионалните патишта.
-Ќе ги споменам овде патните правци Чифлик-Умлена, Умлена-Робово, како и пристапните патишта кои водат од регионалниот пат до Панчарево и од чекалната во Црник до селото“, истакна Тренчовски.
Минатата година за развој на Источно планскиот регион беа доделени околу 22 милиони денари, а во 2019 години тој износ ќе се зголеми за близу 28 милиони денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Реакции по скандалот на натпреварот Брегалница - Шкупи
-
Се поголем бројот на пловила
-
М. Брод ќе биде првата општина која што ќе добие Дневен центар за активно стареење во рурална средина, во с.Самоков
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии