Педесет тони хуманитарна помош од ЕУ и СЗО се очекува да пристигнат во Сирија на 31 декември
Педесет тони хуманитарна помош која се состои од медицински материјали, финансирана од Европската унија и координирана од Светската здравствена организација (СЗО), треба да пристигне во Сирија на 31 декември, изјави денеска Мриналини Сантанам, портпаролка на СЗО во Газиантеп, јужна Турција.
„Медицинските материјали пристигнаа во Истанбул, Турција, вчера и треба да стигнат во Сирија на 31 декември по расчистување на турските царински процедури“, рече Сантанам.
Во средината на декември, ЕУ објави почеток на хуманитарен воздушен коридор за Сирија преку Турција - прва европска помош од ваков вид по падот на претседателот Башар ал Асад.
Помошта вклучува комплети за итна операција за повредените и основни лекови.
„Залихите ќе бидат дистрибуирани меѓу здравствените установи и лекарите во Сирија во согласност со хуманитарните принципи, за да може цела Сирија да има корист од нив, а особено провинциите Идлиб и Алепо. Тоа се главно комплети [...] кои ќе им овозможат на лекарите во Сирија да вршат илјадници операции и да ги лекуваат ранетите“, рече Лоренцо Дал Монте, аналитичар за планирање во СЗО.
Според него, 14-годишната граѓанска војна го опустоши здравствениот систем на Сирија.
„Речиси половина од болниците во Сирија не функционираат“, рече Дал Монте.
„Со оваа нестабилна ситуација на теренот, нашата помош за сирискиот народ е уште поважна“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
По 11-дневна молскавична офанзива, бунтовничката коалиција доминирана од радикалната сунитска исламистичка група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) го зазеде Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на половина век владеење на кланот Асад.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален